Во Тетово починаа уште шест лица од Ковид-19
Во последните 24 часа во тетовскиот ковид-центар во Клиничката болница починати се шест лица кои биле на болничко лекување. Најмладиот починат има 53 години, додека најстариот на 82 години.
- Вкупно се хоспитализирани 91 лице од кои 90 на кислородна поддршка, а еден на неинвензивен респиратор. Од хоспитализираните само еден е со една доза вакцина, додека сите имаат хронични болести, реферира д-р Миранда Пајазити.
Во текот на последните 24 часа имало шест нови приеми на болничко лекување, а двајца пациенти во меѓувреме се отпуштени,
Инаку, во амбулантата на ковид – центарот имало 63 барања за прегледи и контроли на луѓе кои се пожалиле на симптоми.
Слично
