Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Тетово и Гостивар средните училишта ќе ја стартуваат учебната година со он лајн настава

Во Тетово и Гостивар средните училишта ќе ја стартуваат учебната година со он лајн настава

Во Тетово и Гостивар средните училишта ќе ја почнат учебната година со он лајн настава, затоа што епидемиолошката состојба е лоша. 

Првите две седмици ќе учат електронски. Оваа препорака денеска ја соопшти министерот за здравство Венко Филипче. 

„Една од главните причини да се донесе една ваква одлука е сепак состојбата во болниците кои се оптеретени“, рече Филипче. 

Филипче вели дека во средните училишта во двата града има голем број средношколци, и тоа може да биде ризик фактор. 

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи бараше годината да почне со он лајн настава.  Таа бараше три недели да се учи он лајн. 

Скопје, Тетово и Гостивар имаат најмногу заболени од коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести