Во тешката сообраќајка кај Демир Капија двајца повредени
Едно лице е потешко повредено, а едно e со полесни повреди во сообраќајната несреќа што синиќа се случи на автопатот Демир Капија-Удово и предизвика прекин на сообраќајот.
Потешко е повредена 33-годишната патничка која е од Валандово. Нејзината состојба е сериозна и таа била пренесена во Скопје, на Клиниката на неврохирургија.
Од МВР информираат дека патничко моторно возило се извртело и удрило во товарно возило на делот од патот по демиркаписките тунели.
Сообраќајот на патниот правец Демир Капија – Неготино, кој беше во прекин поради сообраќајна незгода, е нормализиран во двата правци.
Слично
