Во тешка сообраќајна несреќа загина младо момче
Деветнаесет годишно момче од Радовиш утрово загинало во тешка сообраќајна несреќа во која учествувале два автомобили марка „голф“ и „мерцедес“ која се случила на магистралниот пат Радовиш-Струмица кај клучката Воиславци.
Со голфот управувал К. Р., роден 1998 година кој починал на лице место. Неговата сопатничка Е. Г. исто така родена во 1998 година, се здобила со тешки телесни повреди и е пренесена во Здравствениот дом Радовиш, со возило на итна медицинска помош.
Со „мерцедесот“ управувал 48-годишниот Т. Ј.
Слично
