Во тепачка во Скопје бил прободен осумнаесетгодишник
Не престанува насилството меѓу малолетниците во земјава. Вчера поладне, во главниот град, како што соопшти МВР, се степале меѓу себе две поголеми групи, меѓу кои имало и малолетници. Еден осумнаесетгодишник добил и убодна рана и бил пренесен на лекување во Клиничкиот центар во Скопје.
„На 03.02.2020 во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред училиште на бул.„Трета македонска бригада“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две групи, меѓу кои имало малолетници. Притоа, У.Д.(18) од Скопје се здобил со убодна рана, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Оттаму нагласуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
