Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во телефонот на велешанец осомничен за „Јавна соба“ е најдена детска порнографија

Во телефонот на велешанец осомничен за „Јавна соба“ е најдена детска порнографија

Детска порнографија e пронајдена во телефонот на велешанец осомничен за случајот „Јавна соба“. 

Во телефонот на велешанец осомничен во случајот „Јавна соба“ биле откриени видеа од детска порнографија. Поради ова велешкото обвинтелство отвори предмет за кривично дело за злоупотреба на малолетник за да се изрботат аудиовизуелни слики со порнографска содржина, информира Телма. За слично дело постапуваат и други обвинителства низ земјава. Неколку стотини луѓе денеска излегоа на протестниот Марш за женски права кој годинава се одржа под слоганот „Држава што не постапува е држава што силува“. Тие побараа од Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство неодложно да постапат по сите конкретни барања, односно кривичен прогон за сторителите од ’Јавна соба‘, кривични пријави и обвинителни акти против сторителите за делата злоупотреба на лични податоци, посредување во вршење проституција, загрозување на безбедноста или ширење на расистички и ксенофобични материјал по пат на компјутерски систем.

Слично

Поврзани вести