Економија, финансии, бизнис

Контакт

Следната недела ќе се знае името на новиот министер без ресор задолжен за имплементација на стратегијата на ромите во РМ

Следната недела ќе се знае името на новиот министер без ресор задолжен за имплементација на стратегијата на ромите во РМ

Владината коалиција предводена од СДСМ  ќе поднесе предлог за разрешување на  министерот без ресор задолжен за имплементација на стратегијата на ромите во РМ. Ваквиот  чекор, се превзема по барање на партијата ПЦЕРМ од каде што доаѓа актуелниот министер Аксел Ахмедовски. Барањето за разрешувањето на Ахмедовски од ПЦЕРМ го објаснуваат како резултат на незадоволителните резултати кој Ахмедовски ги постигнал во вршењето на својата функција. Ахмедовски на оваа позиција дојде како адвокат од Делчево .

Во трката за иден министер без ресор кој ќе ги штити интересите на ромите има неколку кандидати, но според информациите на Фактор.мк, најсериозен кандидат во изборот за иден министер е Алан Исмаиловски. 


Исмаиловски  е  актуелен советник на министерот Оливер Спасовски , има дваесет годишен професионален стаж во МВР на разни позиции, а кои меѓу Ромите важи за интелектуалец кој несебично ги заштитуваше правата и интересите на ромската заедница во Македонија. Претседателот на ПЦЕРМ Самка Ибраимовски  викендов е во работна посета на Хрватска,  но по неговото враќање на почетокот на неделата со премирот Заев ќе мора да ги  финишираат  преговорите околу новиот министер без ресот.

Предизвиците на новиот министер без ресор кој треба да ги штити правата на ромите остануваат идентични како и досега. Зголемување на интергацијата на ромите во општеството, зголемување на процентот на образовани во оваа етничка зедница , како и намалувањето на процентот на социјално загрозени семејства од оваа националност.


Фото: romatimes.news

Слично

Поврзани вести