Во текот на денот се очекува невреме
Невреме е можно да имаме во текот на денот.
Сончеви периоди ќе имаме претпладне, додека попладне ќе биде променливо облачно на места нестабилно со пороен дожд и засилен ветер.
Во текот на денот ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на дневната температура.
Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ=8
Од недела до вторник ќе биде претежно сончево, а дневните температури ќе бидат пониски за 5 до 6 степени во однос на денешните.
Повторно дестабилизирање со локален пороен дожд и грмежи се очекува во среда.
Слично
