Во тек е акција за спасување: Странски параглајдерист удрил во дрво високо над 30 метри
Дирекцијата за заштита и спасување(ДЗС) информира дека доцна попладнево од полициската станица Крушево се информирани дека странски државјанин, додека летал со параглајдер удрил во дрво високо над 30 метри.
– Бидејќи локалните сили не можеле да го симнат повредениот параглајдерист итно е активиран тимот за спасување на планина на Дирекцијата за заштита и спасување кој во моментов се движи кон местото на несреќата – информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Несреќата се случила во близина на Крушево, а од ударот параглајдеристот се здобил со повреди и останал да виси на дрвото.фото принтскрин
Слично
