Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Теарце одзивот подобар од оној на 11 декември

Во Теарце одзивот подобар од оној на 11 декември

Во Теарце во избирачко место 2011 денеска има поголема излезност на гласање за разлика од 11 декември. 

Досега на гласање во Теарце  излегле 211 гласачи, а гласањето се одвива во најдобар ред, со исклучок на техничките проблеми со УВ ламбите. 

„Во однос на излезноста, ако ги споредуваме податоците од гласањето на 11 декември, излезноста е за околу 10% зголемена“ - вели Татјана Чуприна, претседателка на избирачкиот одбор. 

До пладне одзивот на гласачи е поголем од оној на 11 декември. 

Во списокот за гласање има 714 избирачи. 

Првичните резултати од гласањето се очекуваат во 21.30 часот вечерва. 

Слично

Поврзани вести