Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Теарце фалело ливче, потоа истото е најдено во кутија

Во Теарце фалело ливче, потоа истото е најдено во кутија

Во избирачкото место 2011 во Теарце, избирачкиот одбор на почетокот на гласањето констатирал недостиг на гласачко ливче во изборниот материјал. 

Ова е според приговорот на СДСМ. Подоцна тоа ливче, со заокружен број 1 за коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, е најдено во гласачката кутија, сосе серискиот број кој требало да остане во кочанот, а бил откинат заедно со ливчето.

Забелешката на членот на ИО била внесена во записник, но место гласањето да биде прекинато, тоа продолжило. 

Силвана Бонева, член на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ вели дека станува збор за откинат кочан кој во текот на денот е пронајден. Таа смета дека нема основ за прегласување.

„Значи, за ова востанувааме практика, и да фали ливче, ако на крајот на денот речеме - ете го, сега е тука - тогаш се е во ред. Тоа е лоша практика и за понатаму“ - вели Игор Милев, член на ДИК од СДСМ. 

Се чека увид во записникот број 15, да се викнат во ДИК членовите на ИО и на Општинската изборна комисија и да се утврди што се случило. 

До полноќ би требало да се решат приговорите, но засега работата тече бавно. 

Приговорите се од БЕСА и СДСМ. 


Слично

Поврзани вести