Во Свети Николе ќе се гради социјална зграда за 48 сиромашни сeмејства
Во Свети Николе ќе се гради социјална зграда, во која станови треба да добијат 48 сиромашни семејства.
„Почна изградбата на нова социјална зграда со вкупно 48 станови во Свети Николе, со која ќе овозможиме пристоен дом на социјално ранливите лица на кои станбеното прашање им е најголем проблем“, објави Владата на фејсбук.

Додаваат дека веќе се градат социјални станови во Пробиштип и Неготино, а ќе започне изградбата на зградите во Виница и Бутел. Во наредниов период ќе бидат изградени 13 згради во различни градови.
Слично
