Во судот во Стразбур се жалат обвинети од СЈО
Европскиот суд за човекови права во Стразбур потврди дека до нив годинава стигнале неколку жалби од адвокати на обвинети во предметите на специјалното јавно обвинителство, пишува новинската агенција „Макфакс“.
„Судот прими пријави од апликантите кои кривично ги гони специјалното јавно обвинителство“ – велат од ЕСЧП.
Оттаму не одговорија на прашањето дали се изјасниле за прелиминарното испитување на допуштеноста на пријавата.
Слично
