Во судница ќе се слушаат и „бомбите“ за мерцедесот
Апелацискиот суд донесе одлука прислушуваните разговори да бидат слушани во судница на судењето за предметот „Тенк“ во кој се обвинети eкс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и поранешниот премиер, Никола Груевски.
На седницата што се одржа вчера во Апелацискиот суд, обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, побара бомбите да се слушаат во судницата како доказ против Јанкулоска и Груевски.
Адвокатите на Јанкулоска и на заменик-министерот во МВР, Ѓоко Поповски, инсистираа бомбите да не бидат доказ во постапката. Јанкулоска се бранеше дека ѝ била нарушена приватноста.
Осум телефонски разговори, СЈО доставило како доказ за набавката на луксузниот мерцедес.
Слично
