Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во судница беа пуштени видеа на кои се гледа како Стојанче ја тепа Ивана

Во судница беа пуштени видеа на кои се гледа како Стојанче ја тепа Ивана

Обвинителството заврши со покажување докази против обвинетиот за тешко семејно насилство Стојанче Јовановски, што довело до самоубиство на сопругата Ивана Јовановска, која скокна од балконот од семејниот стан со шестгодишната ќерка Катја. 

Обвинителката Адела Бојчевиќ ги пушти видеата од безбедносните камери кај катната гаража во близина на судовите во Скопје. Станува збор за настаните што се случиле неколку часа пред трагедијата, некаде околу пладне, на 3 март. Двајцата сопружници се расправаат, а таму, покрај нив, е сведокот Мартин Саздов.  На видеото се гледа како доаѓа полицијата двапати, на повик од Ивана, и како разговара со сопружниците одделно. Полицајците, и првиот и вториот пат, си заминуваат. Во обвинението пишува дека ѝ порачале на Ивана дека доколку ги повика уште еднаш, ќе добие пријава за лажно пријавување.

Обвинителството покажа снимки од приватниот телефон на обвинетиот Стојанче Јовановски, направени на 10 февруари годинава. На видеото, кое го снимил обвинетиот, се гледа како стои Ивана во ходникот од семејниот стан, плаче и го чува телото со рацете. „Не удирај ме веќе“, го моли насилниот сопруг, кој продолжува да ја навредува и понижува. Расплакана, го прашува зошто ја удира и со левата рака покажува на слабината. Стојанче е во обид да излезе од станот, а таа го запира, заедно да ја чекаат полицијата. „Сега се јавив да те пријавам за семејно насилство, не бегај“, му вели, а тој ѝ се смее и ја имитира. „Дрогата ти го исуши паметот, Стојанче“, му повторува жената неколкупати, додека тој ја снима.

За солемизација на договор за дар на станот, во обвинението стои дека Стојанче ја присилил да му го подари својот дел од станот, а братот на Ивана кажа во судницата дека семејството се сомнева дека тој ѝ го лажирал потписот. Доказ е и бракоразводната постапка водена во Центарот за социјални работи. 

Слично

Поврзани вести