Во Студеничани ќе се гради ново училиште
Жителите на општина Студеничани ќе имаат можност своите деца на настава да ги испраќаат во ново училиште кое со владина одлука е решено да се изгради. Станува збор за општина со над 5000 жители, од кои мнозинството се етнички Албанци.
„Министерството за образование на владина седница доби и одобрение за отпочнување на постапки за јавна набавка за склучување на повеќегодишни договори за изградба и надзор над изградба на ново училиште во место викано Љубош во општина Студеничани“ стои во владиното соопштение.
Во Студеничани постоечкото основно училиште „Наим Фрашери“ во 2015 беше обновено и реновирано.
Слично
