Во струмичко со брашно се поткупувале гласачи
Жител oд струмичкото село Сушево Б.А.(64) вчера пријавил во полиција дека се сомнева дека човек од селото Добрашинци попладнето поткупил двајца гласачи од Сушево.
Како доказ во прилог на пријавата приложени се две фотографии во електронска форма.
Од полицијата велат дека е извршен разговор со наведените лица кои потврдиле дека И.Ц. од Добрашинци со бело комбе им донел картонска кутија со прехрамбени продукти и вреќа брашно од 25 килограми.
Слично
