Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО СТРУМИЦА УШТЕ НЕ БРЗААТ СО ПРИМОПРЕДАВАЊЕ - Јаневски се пофали со нов проект, Костадинов на терен меѓу граѓаните

ВО СТРУМИЦА УШТЕ НЕ БРЗААТ СО ПРИМОПРЕДАВАЊЕ - Јаневски се пофали со нов проект, Костадинов на терен меѓу граѓаните

Додека вмровските градоначалници кои ја освоија довербата од граѓаните уште во првиот круг, а каде што локалната власт ја преземаат од СДСМ, побрза уште денеска да седнат на новите градоначалнички фотелји, на местата каде што трансферот е СДСМ- СДСМ, како што е примерот во Струмица, каде што Коста Костадинов доаѓа на местото на Коста Јаневски, по се изгледа се уште не им се брза со примопредавањето на функцијата. 
Денеска Коста Јаневски, досегашен градоначалник на Струмица од редовите на СДСМ, објави дека е гасифицирана општата болница во Струмица.
„Почитувани граѓани, сакам со Вас, денеска, да споделам една убава вест. Општата болница во Струмица е гасифицирана. Јавното претпријатие за енергетска дејност ‚Струмица гас' го заврши целиот процес којшто опфаќаше изградба на нова котлара, поставување на потребната опрема и приклучување на гасоводната мрежа. Во тек е пробната работа во која ќе бидат извршени сите потребни интервенции, по што до крајот на неделата и официјално Општата болница целосно ќе се затоплува со природен гас.

Тоа е општинскиот влог во оваа инвестиција која изнесува 6.900.000 денари, 5 милиони денари обезбеди Генералниот секретаријат на Владата и 1.900.000 денари Министерството за здравство. 
Болницата, неколку години наназад беше посочувана како еден од загадувачите во нашата Општина бидејќи затоплувањето се вршеше со нафта. Со гасификацијата го подобруваме квалитетот на амбиенталниот воздух во градот“, напиша Јаневски на својот фејсбук профил.
Новиот струмички градоначалник, пак, Коста Костадинов, како што објави пред неколку дена, е на терен за да открие кои се проблемите што ги мачат неговите сограѓани, со цел решенијата да се вметнат соодветно во програмата и во општинскиот буџет. 

„Побарав од вас верба во младоста, тропнав на вашите врати, јас и мојот тим советници побаравме глас за да ви служиме и добивме поддршка. Нема време за губење.

Денес пак сум на вашите врати но за да разговараме за приоритетите, за проблемите кои се во делокругот на мојата работа и соодветно да бидат вметнати во општинскиот буџет. Тоа е начинот како да си ја направиме Струмица уште поубава и уште подобра. Таквата соработка продолжува уште посилно“, пишува Коста Костадинов.

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести