Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Струмица полицијата одзема роба, а продавачите ја земаа од возило и бегаа

Во Струмица полицијата одзема роба, а продавачите ја земаа од возило и бегаа

Полицијата се огласи по објавените снимки од Струмица, каде се гледа како полицијата одзема роба од продавачи, а тие си ја земаа назад и бегаат по булеварот. 

Полицијата ќе го утврдува идентитетот на сите лица кои ја попречиле работата на полицајците и инспекторите. 

Велат дека Секторот за внатрешни работи Струмица во изминатите месеци континуирано презема мерки за санкционирање на нелегалните продавачи на текстил, кои се поставуваат на тротоарите од булеварите „Ленинова“ и „Маршал Тито“ во Струмица, со што вршат узурпирање на сообраќајни површини.

„Ваква активност во координација со ДПИ била преземена и на 15.02.2022 година на булевар „Маршал Тито“ во Струмица, при што била одземена текстилна стока од такви продавачи на текстил, но групата продавачи презеле дејствија со цел насилно да ја одземат стоката. Секторот за внатрешни работи Струмица презеде мерки за утврдување на идентитетот на сите лица учесници во настанот и против нив ќе биде поднесена кривична пријава поради кривично дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ по чл. 384 од Кривичниот законик“, велат од МВР.

Во иднина ќе продолжат со санкционирање на ваквите нелегални продавачи кои вршат и узурпирање на сообраќајни и јавни површини.

Слично

Поврзани вести