Во Струмица изречена казна од 18.000 евра за фирма за горење отпад
Фирма за складирање и третман на отпад во Струмица доби казна во висона од 18.000 евра затоа што палеле елетрични ротори од моторни возила за да ги извадат бакарните елементи.
Случајот е констатиран од општинска комунална инспекција која во присуство на полицијата вршела вонреден инспекциски надзор.
При вонредната инспекција во фирмата, утврдиле дека ваквите согорувања се прават на отворено спротивно на законот за управување со отпад. Изречена е казна во висина од 1000 евра и за одговорното лице на фирмата.
Од Општината најавуваат дека инспекциските контроли ќе продолжат и во наредниот период со засилен интензитет, со цел заштита на здравјето на граѓаните и подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух.
Слично
