Во страв од мексиканската одмазда на Трамп пезосот со најголем скок на вредноста
Мексиканските граѓани се загрижени доколку победи Доналд Трамп на утрешните избори во САД дека тоа негативно ќе влијае врз нивната екомонија бидејќи републиканскиот кандидат се закани дека ќе изгради огромен ѕид на границата со САД и ќе наметне строги економски политики против нив, а вети и дека ќе ја сопре емиграцијата.
Неговите планови на некој начин ги наруши ФБИ кои ја сопреа истрагата против Хилари Клинтон која не сторила никаков федерален прекршок со користењето на нејзиниот приватен сервер за службена мејл комуникација.
Токму таа надеж и даде ветер во грб на мексиканската валута песозот кој бележи неверојатен раст на вредноста од 2%, додека пак голем број на светски валути или имаат незабележителен раст како еврото или пак мал пад како американскиот долар. Претходно кога Трамп имаше раст на рејтингот секогаш мексиканскиот пезос бележеше пад на вредноста.
Засега никој не може да прогнозира кој ќе победи на изборите, Трамп или Клинтон, но каков и да биде исходот ќе има краткорочен импакт врз светската економија и вредноста на валутите, од оптимизам до песимизам.
