Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО СТРАНСКИТЕ БОЛНИЦИ ОСТАНУВААТ УШТЕ 18 ПАЦИЕНТИ ПОВРЕДЕНИ ВО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Денеска се враќаат осуммина од Турција, Бугарија и Словенија

ВО СТРАНСКИТЕ БОЛНИЦИ ОСТАНУВААТ УШТЕ 18 ПАЦИЕНТИ ПОВРЕДЕНИ ВО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Денеска се враќаат осуммина од Турција, Бугарија и Словенија

Министерството за здравство информира дека денеска уште осум пациенти кои беа повредени во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани се враќаат од лекување. Како што е наведено во соопштението, петмина доаѓаат од Турција, двајца од Бугарија и еден од Словенија. На лекување во странство остануваат уште 18 пациенти.

-Согласно протоколот, пет пациенти ќе бидат под опсервација во ГОБ „8 Септември“, двајца на Клиника за пластична хирургија и еден пациент во Хируршка клиника „Св.Наум Охридски“. Дел од повредените, кои изминатиот период се вратија во земјава, веќе започнаа процес на рехабилитација во Општата болница во Кочани, кои во зависност од повредите се третираат на одделенијата за неврологија, хирургија и физикална терапија, велат од Министерството за здравство.

Истовремено посочуваат и дека МЗ континуирано ја следи состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација.


Слично

Поврзани вести