Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во стан на Груевски е најдено и одземено оружје

Во стан на Груевски е најдено и одземено оружје

Во вчерашниот претрес по налог на Јавното обвинителство во стан во Скопје на поранешниот премиер Никола Груевски, било пронајдено и одземено оружје, потврдуваат за ТВ 24 извори блиски на истрагата.

По наредба на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, вчера биле вршени претреси во рамки на истрагата за случајот „Плацевите на Водно“. Претрес бил направен во зградата на Бихаќка, каде што живееше Груевски.

Реагираше поранешниот премиер, Никола Груевски на Фејсбук, кој напиша дека во зградата на улица „Бихаќка“ користeл два стана во сопственост на мајка му, а во одреден период имал извршено и закуп на други два стана на истиот кат за што имал договор.  Тој вели дека нема скриен имот. 

Претреси имало во Скопје и Прилеп, кај екс министерот Миле Јанакиески. 

Слично

Поврзани вести