Во СРЦ Сарај по 35 години отворен нов базен, ќе го стопанисува фирма под концесија
По 35 години, повторно проработи базенот во Спортско-рекреативниот центар (СРЦ) „Сарај“ во Скопје, на местото на стариот олимписки базен кој со децении не работеше.
Со базенот стопанисува приватната фирма „Дути-аква ресторан“ од Крушопек, која го добила под концесија на 25 години, објави СДК.
Со одлука на Владата базенот е доделен во владение на Општината од 2023, а потоа бил спроведен јавен оглас за давање под концесија на базенот кој со години беше руиниран, со цел да се врати во функција и повторно СРЦ „Сарај“ да биде едно од главните излетнички место во градот.
Слично
