Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО СОПИШТЕ ЌЕ ИМА САМО ЕДЕН ОПОЗИЦИОНЕР: Ничовска е единствена од листата на СДСМ што влезе во советот

ВО СОПИШТЕ ЌЕ ИМА САМО ЕДЕН ОПОЗИЦИОНЕР: Ничовска е единствена од листата на СДСМ што влезе во советот

Елизабета Ничовска од редовите на СДСМ ќе биде единствениот опозициски советник во Општина Сопиште. Со освоени 248 гласови или 7,88 проценти, во советот не влезе ниту еден друг кандидат од советничката листа која ја предложи СДСМ.

Не влезе ниту еден советник од листата на НАИ - коалицијата која ја предводи ДУИ. За нив гласале 210 жители на општината, или 6,67 проценти.

Најголемиот број на советници, вкупно седум доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ, со освоени 1.690 гласови или 53,50 проценти. Зад нив, со тројца советници е коалицијата Влен, која освои 653 гласови или 20,75 отсто.

Сопиште е и општина во која ВМРО-ДПМНЕ оствари најубедлива победа, процентуално. За нивниот кандидат и избран градоначалник во првиот круг Јане Мицевски гласаа 2.542 жители или 80,20 отсто, додека противкандидатот од СДСМ, Звонко Васев освои 342 гласови или 10,78 проценти. Кандидатот на Родина Македонија, Васил Аиновски освои 40 гласови, односно 1,27 отсто.

На изборите во 2021 година, ВМРО-ДПМНЕ имаше шест советници, по двајца имаа СДСМ и ДУИ, а еден советник имаше Алијансата на Албанците.


Слично

Поврзани вести