ВО СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА ЗАГИНАА ДВЕ ТЕТОВЧАНКИ, несреќата се случила на магистралниот пат Гостивар-Кичево
Две жени на возраст од 54 и 75 години починаа по сообрќајна незгода која се случила на магистралниот пат Гостивар-Кичево.
- На 20.08.2022 година во 09,15 часот, на магистралниот пат Гостивар -Кичево кај кичевското село Зајас, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.И.(58) и патнички автомобил „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.И.(78), двајцата од Тетово - соопштуваат од СВР Охрид.
Притоа додаваат дека на местото на несреќата, на повредите им подлегнала Т.В.(54) од Тетово додека во амбулантно возило, на пат кон Ургентниот центар во Скопје, починала С.Ц.(75) исто така од Тетово, двете сопатнички во второто возило.
По наредба на јавен обвинител, врз телата на починатите ќе се изврши обдукција. Увид на местото на незгодата извршија јавен обвинител и полициски екипи.
