Во сообраќајна несреќа загина екс претседателот на Совет за радиодифузија
Во тешка сообраќајна несреќа загина Зоран Стефановски, екс претседателот на Советот за радиодифузија.
Стефановски кој беше одговорен за медиумски мониторинг во секторот за односи со јавност во Владата, со својот автомобил „рено меган“ движејќи се по булеварот Никола Карев излетал од патот и удрил во рекламен билборд, по што веднаш бил пренесен во ГОБ „Свети Наум Охридски“, каде била констатирана смрт.
Извршен е увид на местото на несреќата и ќе следат повеќе детали за причините за сударот.
Зоран Стефановски функцијата претседател на Советот за радиодифузија ја вршеше од 2007 до 2012 година.
Слично
