Во сообраќајна несреќа на патот Тетово-Гостивар животот го загуби млад турски државјанин
Во тешка сообраќајна несреќа што се случила на патот Тетово-Гостивар, дваесет и две годишен турски државјанин го загуби животот.
МВР соопшти дека патничко моторно возило марка „Алфа ромео“ со гостиварски регистарски таблички, управувано од турскиот државјанин Б.O.А. (20) излетало од коловозот и се превртело. Во несреќата, на пат кон тетовската болница починал сопатникот во возилото турскиот државјанин Т.У. (22), додека пак возачот Б.А. и вториот сопатник во возилото, исто така турски државјанин, Ч.М.Х. (20), се здобиле со тешки телесни повреди.
По укажаната прва помош во тетовската Клиничка болница, тие двајцата итно се префрлени во клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје. На местото на настанот во тек е увид раководен од надлежен Јавен обвинител од ОЈО Тетово.
