Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во сообраќајќа во Дебар се повредени седум лица

Во сообраќајќа во Дебар се повредени седум лица

Седум повредени има во тешка сообраќајка во Дебар. Попладнево на излезот од градот, на патниот правец Дебар – Струга, во близина на објектот на поранешната Електродистрибуција, се случи  несреќа, во која се повредени седум лица, од кои две потешко.

Во несреќата, учествувале два автомобили, едниот од Дебар, а другиот од село Новак, општина Центар Жупа.

„Повредени се седум лица, од нив две потешко, додека петмина се со полесни повреди. На сите им е дадена соодветна здравствена услуга. Еден од повредените, жител на Дебар, кој имаше тешки повреди е транспортиран во Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид, додека жена од Новак, е под наша опсеврација во хируршкото одделение, но доколку има потреба и неа ќе ја транспортираме во друга соодветна установа“, изјави за МИА Баки Алили, директор на општата болница со проширена дејност во Дебар.

Останатите пет лица се соодветно третирани и се во добра здравствена состојба, но поради стресот што го преживеале, според Алили, ќе останат неколку часа во болницата, по што ќе заминат во своите домови.

Слично

Поврзани вести