Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во сообраќајка во Аеродром повредени две лица

Во сообраќајка во Аеродром повредени две лица

Вчера во 13,35 часот се случила сообраќајна незгода во која две лица се полесно повредени. Несреќата се случила на раскрсницата од булеварот “Јане Сандански“ со улицата „Васко Карангелевски“.

Од полицијата информираат дека во незгода учествувале автомобил „Шевролет Спарк“, сопственост на МВР, управувано од Г.Л.(41) и „Ауди“ со скопски регистерски таблици управувано од И.Т.(37) од Скопје.

-Во незгодата, И.Т. и неговиот четиригодишен син со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентниот центар во Скопје, каде од страна на лекар им биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи СВР-Скопје. 

Слично

Поврзани вести