Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Собранието стигна барањето за гласање доверба на Владата, седницата во четврток

Во Собранието стигна барањето за гласање доверба на Владата, седницата во четврток

Од Собранието информираат дека таму е доставено Барање за гласање за доверба на Владата на Република Северна Македонија и истата е архивирана од надлежните служби.

"Претседателот на Собранието, г. Талат Џафери, согласно член 215 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија, ќе ја свика седницата за поставеното барање за гласање за доверба на Влада, а истата ќе се одржи на третиот ден од денот на поставување на прашањето за доверба на Владата, односно во четврток (11.11.2021), во 11.00 часот, Според член 215 став 3 од Деловникот на Собранието, рокот за свикување на седница почнува да тече наредниот ден од денот на поставувањето на прашањето за доверба на Владата.

За сите чекори и процедури, како и досега, претставниците на медиумите ќе бидат информирани преку надлежните служби во Собранието", се вели во соопштението.


Слично

Поврзани вести