Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Собранието се избираат нови министри и заменици

Во Собранието се избираат нови министри и заменици

 Пред народните избраници во овој момент се обраќа премиерот Заев.

Во Собранието денеска се одржува седницата на која треба да се изберат двајца нови министри и тројца заменици министри по предлог на премиерот.

Нина Ангеловска е предложена за нов министер за финансии, а Хисен Џамаили за министер без ресор задолжен за подобрување на инвестициската клима.

За заменик министер за економија е предложен Кирил Колемишевски, за заменик министер за образование и наука Елизабета Наумовска, а Неџад Мехмедовиќ за заменик министер за политички систем и односи меѓу заедниците.

Пратениците на денешната седница треба да изберат и нов вицегувернер на Народната банка на Република Северна Македонија, за што е предложен Фадил Бајрами.

Слично

Поврзани вести