Во Собранието ечеше музика за чочек, Џафери побара да се исклучат мобилните
Симболична музика со која сѐ е полесно. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ пуштија музика за чочек од нивните телефони и така ја започнаа седницата за пратенички прашања.
Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев рече: „Доста славите, доста 10 дена славите со чочеци во тунел и со коктели. Ќе одговарале министрите денес пред опозицијата, сè само правите да ги оттргнете граѓаните од реалните проблеми. Каде се високите плати на лекарите, ги зголемивте акцизите. И Могерини ви кажа дека треба само пола ден да славите и време е да почнете да работите“.
Талат Џафери ги опомена пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ги исклучат мобилните.
„Забавата вие ја почнавте тука со пуштање музика од телефон, Собранието не е место каде што се прават такви работи“, му одговори Џафери на Данев.
