Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Собранието е поднесен нов ревидиран список, ги нема потписите на неколкумина „спорни“ пратеници

Во Собранието е поднесен нов ревидиран список, ги нема потписите на неколкумина „спорни“ пратеници

Oд ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека во Собранието попладнево е поднесен нов ревидиран список со барање за изгласување недоверба на Владата. Велат дека од тактички причини ги нема потписите на неколкумина „спорни“ пратеници кои биле на претходната листа. ВМРО-ДПМНЕ очекува утре да има седница на Собранието и да ѝ биде изгласана недоверба на Владата.

На новиот список нема 20 пратеници меѓу кои и двајцата пратеници од Левица – Димитар Апасиев и Борис Крмов. Ваквиот потег на опозицијата доаѓа по најавата на пратеникот Скендер Реџепи од Алтернатива дека ќе се повлече од иницијативата за гласање недоверба на Владата доколку зад неа стојат пратениците на Левица.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски е убеден дека утре ќе падне Владата. 

Слично

Поврзани вести