Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Собрание пламнаа страстите меѓу ВМРО ДПМНЕ и Талат Џафери

Во Собрание пламнаа страстите меѓу ВМРО ДПМНЕ и Талат Џафери

ВМРО ДПМНЕ не го признава Талат Џафери за собраниски спикер и во почетокто на денешна седница му се обраќаа со почитуван пратеник и колега.

На стартот на собраниската седница на која ќе се избира новата влада пратеникот Милошоски ги извади на виделина „страстите“ кон Џафери. Пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ му рече на спикерот дека неговата пратеничка група ќе му се обраќа со колега бидејќи не го признаваат неговиот избор кој сметаат дека е нелегитимен со кршење на Деловникот и Уставот.

Прв од собраниската говорница се обрати пратеникот Антонијо Милошоски кој на претседателот на Собранието му се обрати со „почитуван пратеник Талат Џафери“.

Милошоски искажа низа обвинувања кон СДСМ посочувајќи дека недемократски работела и нелегитимно го избрала Џафери за претседател на Собранието. Тој го обвини Џафери за обраќањето на албански јазик на седницата, на што доби контра удар и Џафери му врати дека според Законот за јазиците, има право да го користи неговиот мајчин јазик и според деловникот може да се обраќа на албански јазик.

„Ако продолжите да му се обраќате на пратеникот Талат Џафери а не на претседателот Џафери, јас ќе ја користам мојата деловничка можност да зборувам на мојот јазик“, бурно реплицираше спикерот кон пратеникот.

Во меѓувреме додека траеше седницата од партијата на екс премиерот пристигна соопштение во кое повторно ја критикуваат СДСМ.

Овој пат не им се погодило тоа што токку брзо СДСМ бара да се гласа Владата.

Од ВМРО ДПМНЕ посочуваат дека имале малку време да ја видат програмата и биографиите на предложените министри.

„СДС сега срамно закажа седница за избор на влада за само еден ден. Тоа претставува недемократски чин кон јавноста и кон Собранието на Република Македонија.

Како по обичај СДС и Зоран Заев оваа демократска пракса ја погазија и одлучија да се закаже седница за само еден ден.

Зоран Заев одлучи да ја сокрие програмата и биографиите од предложените кандидати за министри од анализа и разгледување од страна на јавноста, парламентарната опозиција, стручната фела и новинарите.

Што толку Зоран Заев сака да сокрие од македонската јавност пред која треба да даде отчет?“, пишува во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Слично

Поврзани вести