Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Слупчане сами сакале да ја вратат струјата и насилно отвориле објект на ЕВН

Во Слупчане сами сакале да ја вратат струјата и насилно отвориле објект на ЕВН

Поради дефектот што го предизвикале жители на Слупчане од прекумерно крадење на електрична енергија, во селата Оризаре, Ваксинце и Лојане денес нема струја. Од ЕВН денеска потврдија дека како резултат на контуинирани кражби од страна на жителите на кумановско Слупчане, во селото има прекин во снабдувањето со електрична енергија поради дефект на среднонапонската мрежа.

„Поради контуинирано неовластено користење на електрична енергија од страна на мештаните на село Слупчане, се оптоварува мрежата при што се предизвикуваат големи дефекти. Екипите на Електродистрибуција постојано се соочуват со попречување во извршување на законските обврски, се соочуваат со закани и им се забранува пристап до енергетските објекти. Со ова, во целост се оневозможува нормалното функционирање и работење.  Сѐ додека нема цврсти гаранции и услови за работа и нормално функционирање поради наведените причини, нема да постои можност за санација на дефектот”, образложи Електродистрибуција.

Синожа жители на Слупчане насилно и незаконски отвориле енергетски објект во сопственост на Електродистрибуција, во обид самите да го вратат напојувањето со струја во селото, по што предизвикале голем дефект, оставајќи ги соседните села без електрична енергија.

Мештаните синоќа со запалени гуми на патот го попречуваа влезот на селото, а од ЕВН додаваат дека нема да интервенираат се додека не се обезбедат сигурносни гаранции.


Слично

Поврзани вести