Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Слупчане ќе се гради спомен кула во чест на ОНА

Во Слупчане ќе се гради  спомен кула во чест на ОНА

Во Општина Липково ќе се изгради спомен кула во чест на ОНА, и ќе чини 200.000 евра. 

Градоначалникот на Липково, Еркан Арифи,  изјави дека изградбата на споменикот доцни. 

Ќе биде лоцирана во селото Слупчане. На сајтот на Бирото за јавни набавки веќе е објавен договорот меѓу општината и компанијата „Хоџа инжинеринг“ од Куманово, која има рок изградбата да ја заврши за шест месеци, односно до 25 ноември. Договорот, со вклучено ДДВ е склучен на сума од 12.115.109 милиони денари, или приближно 200.000 евра. Претседателот на ДУИ Али Ахмети и локалната власт минатата недела на 20-годишнината од војната во 2001 година, таму положија цвеќе со ветување дека кулата ќе биде завршена до 28 ноември – Денот на албанското знаме.

Слично

Поврзани вести