Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Слепче ќе се произведуваат балетски чевли, се отвара фабриката „Гришко Македонија“

Во Слепче ќе се произведуваат балетски чевли, се отвара фабриката „Гришко Македонија“
Во селото Слепче во Демир Хисарр попладнево и официјално ќе биде отворена фабриката за  производство на балетски обувки и опрема „Гришко Македонија“. Погонот е гринфилд-инвестиција на познатата руска компанија Гришко која произведува папучи, чевли за сите танцови стилови, театарски костими, облека за фитнес, јога и други слободни спортски активности. Производите ги има во над 60 земји на повеќе континенти. Директорот на „Гришко“, Николај Гришко, во  октомври 2012 година беше во Македонија и имаше средби со министерот за странски инвестиции Бил Павлески и со министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, кога искажа подготвеност за поддршка на балетската уметност во Македонија и подобрување на условите во кои работат играчите на Балетот. На средбата во Министерството за култура тогаш тој донираше и книги - стручна литература  од областа на балетот.  
Слично

Поврзани вести