Во следните изборни кампањи нема владини реклами на портали и телевизии
Во изборната камања која за помалку од два месеци ќе почне да ја тресе македонската јавност Владата нема да се расфрла со пари за реклами на портали, печатени медиуми, билборди и комерцијални телевиизии.
Реклами ќе има само на социјалните мрежи и на јавниот сервис.
Токму оваа одлука произвлегува од вчера усвоената мерка на владината седница.
Тоа значи дека им се наложува на сите органи на државната управа, им се укажува на институциите кои немаат статус на органи на државната управа и им се препорачува на единиците на локалната самоуправа да престанат да емитуваат, односно рекламираат кампањи/спотови на платен простор во електронски комерцијални радиодифузери – телевизии и радија, дневни и неделни весници, билборди, интернет портали, со исклучок на социјалните медиуми.
Мерката е дел од Планот 3-6-9 на владата на премиерот Заев.
