Во скопско изгоре возило натоварено со бали слама
Изгоре возило натоварено со слама.
Товарно возило натоварено со бали слама вчера изгорело помеѓу селата Средно и Долно Коњари. Во 14.42 часот, во СВР Скопје, Р. С. (33) од селото Света Петка, скопско, пријавил дека помеѓу селата Средно и Долно Коњари, додека управувал товарно возило натоварено со бали слама, избувнал пожар, при што изгореле сламата и возилото. Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгасила пожарот, а повредени лица нема. Извршен е увид.
Слично
