Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Скопје вечерва ќе слетаат 39 македонски државјани кои беа во Авганистан

Во Скопје вечерва ќе слетаат 39 македонски државјани кои беа во Авганистан

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вели дека 39 македонски државјани кои беа во Авганистан вечерва ќе слетаат во Скопје. 

Тие се наоѓаат во Свиндон, Велика Британијa и се враќаат вечер, додека во Осло, Норвешка се наоѓаат 7 наши граѓани од каде по неколкудневниот карантин, во согласност со епидемиолошките правила на земјите, ќе бидат упатени дома. 

27 наши граѓани се наоѓаат во воената базата на САД во Доха, Катар, чиј трансфер кон Европа сѐ уште не е одреден и се прават дополнителни напори и со катарските власти, и со администрацијата на САД, за нивно упатување кон Скопје.

Министерството за надворешни работи упатува благодарност до сојузниците и нивните претставници во Кабул, кои вложија огромни напори за безбедна евакуација на затекнатите граѓани во Авганистан.

Македонските државјани се евакуирани од Авганистан, со исклучок на неколку лица кои ќе се повлечат кога ќе им завршат работните обврски. 

Слично

Поврзани вести