Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО СКОПЈЕ, ТЕТОВО И ВО КУМАНОВО НОВИ ЗАБОЛЕНИ СО ДЕЛТА СОЈОТ: Во Македонија има и други мутации

ВО СКОПЈЕ, ТЕТОВО И ВО КУМАНОВО НОВИ ЗАБОЛЕНИ СО ДЕЛТА СОЈОТ: Во Македонија има и други мутации

Три случаи има во Скопје и по еден во Куманово и во Тетово кај кои е детектирана делта варијантата соопшти денеска министерот за здравство венко Филипче.

Кај овие лица, како што истакна Филипче, делат сојот е детектиран во текот на последнава недела, но потенцираше дека во земјава има и други мутации на корона вирусот.

Филипче уште еднаш упати апел што поголем број граѓани  да се вклучат во процесот на имунизација за да се избегне втор бран наесен, за кога се можни и рестрикции во случај да дојде до влошување на епидемилошката состојба во државата.

-На сите вакцинални пунктови има доволно вакцини и процесот на имунизација продолжува без закажување. Паралелно тече и мобилната вакцинација, како и вакцинацијата на децата. Пријавени се 1.800 деца, а досега се вакцинирани 500, рече Филипче.

А.Б.


Слично

Поврзани вести