ВО СКОПЈЕ ПОВЕЌЕ ОД 30-ТТИНА НОВО ЗАРАЗЕНИ: Kомисијата е се уште внимателна за отворање на границите
Комисијата за заразни болести е за отворање на границите, но мора да се создадат одредени услови и да се задоволат одредени епидемиолошки критериуми.
-Пред да ја дадеме препораката за отворање на границите целосно, се уште размислуваме како да се одвива целиот процес. Сега сме веќе за среќа во фаза кога бројките на новозаразени почнаа од ден на ден паѓаат. Но воопшто не е едноставно да се пресече и да се каже ги отвораме границите. И досега се покажа дека секоја променета одлука на Комисијата за заразни болести од страна на Владата во однос на мерките донесе негативни резултати. И сметаме дека со ова сега не смее да се брза, се додека не добијат конкретни предлози за одредени соседни земји, велат од Комисијата за заразни болести за Фактор.
Истовремено информираат дека се охрабрувачки денешните бројки на новозаразени во Скопје. Неофицијално вол главниот град има повеќе од 30-ттина, но како што велат, се чекаат конечните резултати во текот на денот.
А.Б
