ВО СКОПЈЕ НОВИ 33 ПОЗИТИВНИ НА КОВИД: Утрински резултати, бројот ќе биде поголем
Според прибраните
податоци од центрите за јавно здравје, до сега во главниот град има 33 нови
позитивни случаи на корона вирусот, потврди за Фактор д-р. Александар Стојанов,
директор на Центарот за јавно здравје.
Сепак, како што вели д-р. Стојанов, се очекува бројката да биде поголема, бидејќи во текот на денот треба да пристигнат резултатите од направените ковид-тестови во приватните лаборатории.
- Ова се резултати само од центрите за јавно здравје. И покрај тоа што бројот во Скопје изминатава недела покажува тренд на намалување, денешната бројка од 33 сигурно ќе биде поголема, вели д-р. Стојанов.
Тој уште еднаш испраќа порака, граѓаните да ги почитуваат сите мерки дадени од страна на Комисијата за заразни болести, бидејќи, како што посочува, носењето маска и држењето растојание од 1.5 се единствените здравствени безбедносни мерки кои во моментов ги имаме за да се спречи понатамошното ширење на корона вирусот.
А.Б.
