Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО СКОПЈЕ НЕМА НАЈАВА ЗА СНЕГ: Полицијата со посебно известување за Шапка

ВО СКОПЈЕ НЕМА НАЈАВА ЗА СНЕГ: Полицијата со посебно известување за Шапка

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно и студено. Ќе дува умерен, a долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10 степени.

Најстудено утрово е на Попова Шапка со -8 степени, во Маврово и во Крушево се измерени -5, во Берово и Крива Паланка -4, во Штип, Дебар, Виница и Претор -3, во Охрид, Тетово и Струмица -2, а во Битола и Прилеп -1. Еден степен над нулата е во Скопје и Куманово, два во Демир Капија, а максимални три степени се регистрирани во Дојран и Гевгелија.

На Попова Шапка има и најмногу снег 55 сантиметри, во Маврово снежната покривка е 36, а во Крушево 16 сантиметри.

Тетовската полиција упати апел до граѓаните кои ќе ја посетуваат Попова Шапка да ги почитуваат препораките на полицајците на терен со цел да се избегнува метеж и безбедносни проблеми. Со оглед на скијачката сезона сега се очекува значително зголемуување на динамика на возила и луѓе особено за деновите од викенд

„За да се избегнат поголеми сообраќајни мешаници и други несакани безбедносни проблеми, Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до сопствениците на моторни возила целосно да го почитуваат утврдениот режим за паркирање и наредбите на полициските службеници. Возачите уште еднаш се потсетуваат на законската обврска задолжително да поседуваат зимска опрема. а сопствениците на моторни санки, пак, им се укажува да се воздржат од возење по скијачките патеки, зашто движејќи се по патеките можат да ја доведат во прашање сопствената и безбедноста на скијачите и на другите присутни покрај патеките. Воедно се апелира до возачите да ги заклучуваат возилата и во нив и на седиштата да не оставаат вредни предмети, алармира СВР Тетово.

Слично

Поврзани вести