Во Скопје македонската и албанската Влада ќе одржат заедничка седница
Ќе се одржи заедничка седница на владите на Северна Македонија и Албанија во Скопје.
Владата, на денешната 100-та седница, на предлог на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците ја разгледа и усвои и Информацијата за одржување на втората заедничка седница на Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Албанија. Седницата е предвидено да се одржи на 14 ноември 2022 година, во Скопје, соопштија од Владата.
Слично
