Во Скопје ќе никнат 20 нови хотели
Четири кредитни линии за долгорочно финансирање, купување, изградба и адаптација на мали сместувачки капацитети до 70 легла со стандард не поголем од оној со три ѕвезди, обезбеди Владата, на почетокот на 2013 година.
-Според инвеститорите, има повеќе фактори кои влијаат на подемот на изградбата на хотели, но меѓу нив е ланската одлука на Владата државните градежни парцели да ги продава со почетна цена од само едно евро за метар квадратен, па многу од најавените хотели ќе се градат токму на државно земјиште. Во оваа насока, на почетокот на годината Владата обезбеди четири кредитни линии за долгорочно финансирање за купување, изградба и адаптација на мали сместувачки капацитети до 70 легла со стандард не поголем од оној кој е определен со три ѕвезди, пишува skopjeinfo.mk.
Засега во главниот град има 41 хотел. Од нив, пет хотели се со пет ѕвезди, пет со четири ѕвезди и десет со три ѕвезди.
Слично
