Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Скопје има скоро 4.000 активни случаи на коронавирус

Во Скопје има скоро 4.000 активни случаи на коронавирус

Во главниот град  има скоро 4.000 активни случаи на коронавирус. 

Точната бројка е 3.988 активни случаи, но загрижува фактот дека и во внатрешноста има висока бројка на активни. Прилеп има дури 704, Кавадарци 539, Неготино 305 и Гевгелија 255. Во Охрид има 428 активни случаи, а во Велес 243. 

Само еден случај има во Дојран, 2 во Македонска Каменица, 4 во Пехчево и 5 во Македонски Брод. Во Демир Хисар има 25, во Кратово 26, а Виница 23. Радовиш има 10, а Дебар 17 активни случаи на коронавирус. 

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 106.110, бројката на оздравени пациенти е 94.275, на починати е 3.176, а бројот на активни случаи изнесува 8.659.

Од понеделник властите ќе одлучуваат за тоа дали ќе има рестрикции поради брзото ширење на коронавирусот. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести