Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Скопје има 424 нови случаи на коронавирусот

Во Скопје има 424 нови случаи на коронавирусот

Во последните 24 часа во Скопје има 424 нови случаи на коронавирусот. 

Починати се 5 пациенти од Скопје (86г, 81г, 72г, 71г, 64г), објави денеска Министерството за здравство. Во главниот град има 5.258 активни случаи на коронавирусот. Во Прилеп има 72 нови заразени, а бројот на активни е  792. 

Досега во земјата се направени вкупно 559.021 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 111.077, бројката на оздравени пациенти е 96.925, на починати е 3.280, а бројот на активни случаи изнесува 10.872. Од средата во Македонија е на сила полициски час. Нема движење во период од 22 часот до 5 наутро. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести