Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Скопје е приведена 64 годишна жена од Дебар барана со потерница

Во Скопје е приведена 64 годишна жена од Дебар барана со потерница

Во главниот град е приведена 64-годишна жена од Дебар барана со потерница. 

На ул.„Франклин Рузвелт” во Скопје, денеска во 12.20 часот, полициски службеници од Оперативен тим потраги од СВР Скопје ја уапсиле В.Х.(64) од Дебар, а со место на живеење во Скопје.

За неа е распишана потерница по Наредба на Основно јавно обвинителство Велес за истрага поради сомнение за сторено кривично дело по член 353 од Кривичниот законик – „ злоупотреба на службената положба и овластување“. Лицето е предадено во Основно јавно обвинителство Велес за понатамошна постапка.

Слично

Поврзани вести